Проектот има за цел да го поддржи пристапот заснован на човековите права во процесот на планирање на националните и локалните власти коишто се занимаваат со социјална инклузија, социјална заштита и намалување на сиромаштија.
Тоа вклучува идентификација на ранливите групи на граѓани, консолидирање на нивното учество во дизајнирањето и имплементирањето на специфични политики насочени кон подобрување на нивната благосостојба и поддршка во креирањето на ефективен систем на мониторинг на релевантните носители на обврски.
Поточно, проектот цели кон зајакнување на капацитетите на децентрализираните канцеларии на МТСП (Центри за социјална работа) и Агенцијата за вработување – како и на локалните власти да обезбедат соодветни социјални услуги за најранливите групи на граѓани почитувајќи ги принципите на пристапот заснован на човековите права. Земајќи го предвид процесот на децентрализација, проектот ќе ја истакне обврската на властите да бидат поблиску до граѓаните, особено до најранливите и најсиромашните групи на граѓани.
Проектот ќе ја зајакне координацијата помеѓу граѓанското општество во неговата улога на социјален партнер и ќе ги подобри неговите капацитети во поглед на мониторирањето на институциите за да се загарантираат националните и меѓународните човекови права кои се во сила во Република Македонија.
Во функција на континуитет и развивање на анализите за сиромаштијата и социјалната исклученост во Македонија, второто издание на Извештајот за сиромаштија и социјална исклученост на Македонската Платформа Против Сиромаштија (МППС), подржан од Институтот за човекови права Лудвиг Болтцман - Истражувачка асоцијација Скопје (БИМ-ФВ) прави придонес кон систематско, повеќедимензионално, и мултидисциплинарно разгледување на политиките, состојбите и предизвиците во доменот на сиромаштијата и социјалната исклученост во Македонија, кои беа карактеристични за 2011 година.
На ден 30.04.2012, Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман„ во партнерство со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) организираше Тркалезна маса на тема „Децентрализација
Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман„ продолжи со поддршката која ја обезбедува за институционално јакнење и позиционирање на Македонската платформа против сиромаштија (МППС) во македонското општеств
На ден 29.12.2011 година Македонската Платформа Против Сиромаштија (МППС) со поддршка на Институтот за човекови права Лудвиг Болцман – Истражувачка асоцијација Скопје и во соработка со Министерството за труд и социјална политика на РМ, организираше масовна поделба на вториот дел од собраните средства од донаторскиот настан Телетон, за потребите на оние на кои им е најпотребно - децата во ризик и децата на улица. Инаку Телетонот беше организиран во соработка со Македонската Радио Телевизија како дел од минатогодишната кампања за борба против сиромаштија и социјална исклученост која што ја организираше МППС под мотото Секој трет во Македонија води крпен живот.